Кои се вашите планови за 2010?
Моите ги има побајаги, ама сепак ќе си ги кажам
-Многу повеќе да се чувам од настинки годинава
-Да си поминам супер на матурската вечер
-Да положам матура без проблем
-Да се запишам на факс
-Да имам исполнето лето со луѓето кои ми значат и ги сакам
-Да прошетам уште некаде по светов со играорна
-Малку да напреднам во делот на музичка образованост
-Повеќе кафиња да си испијам во Пипл
-Почесто да се смеам и да се радувам на успесите на блиските
-Почесто да помагам на оние околу мене
-Да почнам да станувам понезависен во однос на донесување одлуки
-Почесто да носам правилни одлуки
-Да почнам подиректно да ги кажувам работите
-Да им покажам на тие околу мене дека не секогаш можам да бидам увце кое слуша, дека понекогаш и јас треба да зборувам
-И на крај, да си ја стенчам линијата
Морам да симнам некое килце, не ме личи вака