Се уште нема ни трага ни глас од напаѓачите коишто попладнево на излезот од Прилеп кон Битола го извршија филмскиот грабеж на возило на „Стопанска банка А.Д. Битола“, при што украдоа 450.000 евра.
Од полицијата само информираа дека интензивно се трага по нив и дека се поставени полициски блокади на патиштата околу Прилеп.
Настанотсе случил попладнево околу 13 часот на излезот од Прилеп кон Битола, кај Паркот на Револуцијата, кога засега двајца непознати маскирани и вооружени напаѓачи со своето возило марка „Рено кампус“ со жолта боја и прилепски таблици, му го попречиле патот на возилото марка „Голф“ во
сопственост на „Стопанска Банка А.Д. Битола“, со кое двајца службеници ги пренесувале парите.
Напаѓачите тогаш излегле од возилото и започнале да пукаат во воздух, ги принудиле службениците да излезат од возилото, при што еден од напаѓачите со пиштолот го удрил по глава еден
од вработените во банката и му нанесол полесни повреди.
„По повик интервенираше наша екипа, еден од возачите имал повреда на главата со лесно крварење, но поради интерес на истрагата тој не бил земен од самото лице место, туку само му е пружена прва помош и двајцата службеници останале на лице место за понатамошната истрага“, изјави Гоце Јонзоски, Началник на Итна помош Прилеп.
Потоа напаѓачите го украле возилото на банката и заедно со парите во него се упатиле во непознат правец.
Од СВР Битола соопштија дека украденото возило веќе било лоцирано оставено празно на само неколку километри од настанот.
Од МВР засега не соопштуваат дали имаат некакви информации во врска со идентитетот на напаѓачите, ниту тоа дали пак возилото коешто тие го користеле при овој грабеж било нивно или пак и тоа било украдено. Останува непознато и тоа дали напаѓачите се уште се во Македонија или се обиделе да избегаат во странство. Повеќе информации и детали за овој случај од полицијата најавија дека ќе соопштат утре.
извор:А1
*******
Навистна многу ме интересира до кога ќе се случуваат вавки местенки. Како да не е јасно дека самите банки го прават ова. Парите се осигурани 100%, и ќе се вратат во банката само овој пат во малку поголема бројка.