Publisher
Мислења : 67 Регистриран : 2010-01-02 Возраст : 31
| Предмет: Лични карти Јануари 6th 2010, 18:54 | |
| Проблемот се појави пред некое време кога беше најавено дека секој треба да има нова лична карта до февруари, односно истата да ја има закажано најдоцна до февруари 2010 година. Но, многу луѓе се судрија со еден проблем. Телефоните беа презафатени а термини за сликање имаше се помалку и помалку. Подоцна произлезе и решение на настанатиот проблем. - Цитат :
Активирана втора линија 0800 19 292 ЗА за биометриски лични карти
На барање на Министерството за внатрешни работи, „Кол центарот“ активираше и втора линија на бесплатниот телефонот 080019292 за аплицирање за биометриски лични карти. Од Министерството известуваат дека управните служби покрај двосменското работење, ќе работат и во сабота, а тие термини ќе бидат резервирани за лица над 75 години. Само денеска до 13 часот се примени 3 илјади повици, односно се случува во еден момент да има и по стотина граѓани да вртат, а една линијата има технички капацитет да опслужи 30 повика. Од понеделник ќе се отвори и трета линија на истиот повикувачки број, така што во ист момент ќе може да се опслужуваат 90 повици. МВР и „Кол центарот“ договориле да биде зголемен и бројот од 17 оператори кои во моментов одговараат на повиците на граѓаните. Од МВР смируваат дека иако последниот рок за замена на старите лични карти истекува на 27 февруари, доволно е граѓаните и само да аплицираат до тој датум, односно секоја апликација до 27 февруари без разлика на датумот кој „Кол центарот“ ќе го даде за поднесување документи за биометриска лична карта, нема да подлежат на казните, предвидени со законот кои се движат од 20 до 80 евра. извор:А1 Што мислите, дали е ова правна постапка која треба да ги загрижи граѓаните? | |
|
Diva
Мислења : 70 Регистриран : 2010-01-04
| Предмет: Re: Лични карти Јануари 7th 2010, 00:16 | |
| Ова е ептен голема глупост. Како може на една цела држава личните карти да се сменат за толку краток период. Нормално дека граѓаните ќе испаничат и сите ќе вртат. Друго, што бараат постарите луѓе да вадат лични карти. Ако не патуваат (а картите им се доживотни) стварно не гледам потреба да ги менуваат. Јас закажав за лична карта дури за мај 2011. Па нема ни да памтам до тогаш. Башка старата лична карта ми истекува во 2010 што значи некое време ќе бидам без лична карта Иначе продолжен е рокот. Сега граѓаните имаат фора до 2012 мислам да ги сменат. Така да нема да има казни. А знам и дека се предлагаше некаков си амандман постарите лица да не мора да вадат нови лични карти ако немаат потреба од тоа. | |
|