Мислам дека го користиме себепотценувањето како одбрана т.е. како заштита од некој срам. Често јавно викаме абе јас нема шанси ова не можам, па така ако не успееме имаме оправдување реков јас дека не можам. А ако успееме, супер, сите ни се диват, како тоа не сме можеле а сме успеале (барем мислам дека вака функционира потсвесно). А и кога нема јавно да се потцениме, туку тоа го правиме само во мислите, и тогаш на ист начин се обидуваме да се оправдаме, само што сега е пред себе не пред другите. Иако потцвесно знаеме дека можеме, сепак си даваме фора што се вика, за секој случај, да не нешто се оплескаме (а сме рекле дека можеме).
Нормално себепотценувањето може да биде и недостаток на самодоверба, кога стварно веруваме во тоа дека нешто не можеме.