„7,16 проценти за ЕЛЕМ, 12,81 процент за МЕПСО и 10,45 проценти за ЕВН. Вкупно 9,98 на крајната цена за потрошувачите“, вели Димитар Петров, претседател на регулаторна комисија за енергетика.
Во зголемувањето најголемо учество има ЕЛЕМ со 55 проценти, потоа ЕВН со 35 проценти и МЕПСО со 6,5 проценти. Поскапувањето на струјата ќе удри по џебот на граѓаните.
Освен струјата, расте и цената на парното греење. За граѓаните приклучени на мрежата на топлификација - Центар, Исток и Запад, цените се зголемуваат за 1,5 процент а во Скопје север поскапувањето е за 7,8 проценти.
Фирмите приклучени на мрежата на топлификација ќе плаќаат повисоки цени за 20 а оние од Скопје север за 38 проценти. Последното поскапување на парното греење беше во јули годинава за 17 проценти. Извор: А1