Не само сексот, туку и многу други работи кај нас се табу тема.
Од време на време помислувам дека тоа е така поради фактот дека сме малку поназад во психолошкиот развој од остатокот на светот.
Не ми е непријатно да зборувам за сексуалниот живот со пријателите, но сигурно дека ми е многу непријатно истиот муабет да го водам со родителите.
Не за друго, нивното воспитување е далеку поразлично од моето. Нив би им било неугодно, а јас не сакам да се чувствуваат така кога разговараат со мене.
Сепак, сексот е интима и не треба сите детали да се раскажуваат наоколу.